Николаидис: Да не е членка на НАТО, Црна Гора ќе гореше

Сето она што во Црна Гора се случи на 26 декември и во ноќта на 27, како и во деновите кои претходеа беше големо „веќе видено“ пишува Андреј Николаидис за Оslobodjenje.ba.

„Нели токму како што Амфилохие низ Никшиќ ги носеше коските на Свети Василиј Острошки во предвечерјето на војните во деведесетите заедно со свештениците на Српската православна црква, како што го нарекуваа „верниот народ“, мислејќи притоа на вооружен народ, градови и села каде ги носеа коските на светецот, обележувајќи ги идните граници и воени цели на недосонетата „Голема Србија“?

Нели Српските интелектуалци и политичари тогаш како и денес по повод усвојувањето на Законот за слобода на вероисповед во црногорскиот Парламент повикуваа „загрозеност“, „загрозеност“ и „го крадат нашето“?

Нели промотерите на великосрпскиот национализам тогаш по цел ден трубеле за ужасите на титоизмот како што и денес збори Емир Кустурица, предупредувајќи дека „титоизмот е најсилен токму во Црна Гора“ и неминовно е Црна Гора да го „нападне православието“?

Законот заради кој Белград преку Демократскиот фронт на Црна Гора го турка во граѓанска војна е либерален, европски закон на кој се работи од 2014, кој е одобрен од Венецијанската комисија, а владата на Црна Гора го прифатила и во текстот ги внела сите сугестии на таа комисија.

Тоа е закон кој важи и за исламската заедница и за католичката црква како и за Црногорската православна црква па сите тие верски заедници се изјасниле „за“ законот, додека само СПЦ до небо кренала врева за својата наводна загрозеност и кражба.

СПЦ законот го смета неприфатлив за две работи. СПЦ одбива да биде дел од правниот поредок на државата Црна Гора, таа одбива да се регистрира во Црна Гора и на било кој начин да ги почитува законите на таа држава. Таа тврди дека е постара од државата и активно одбива да го прифати постоењето на таа држава. Иако во неа правно не постои, Српската православна црква тврди дека е сопственик на сите цркви и манастири во Црна Гора.

Државата Црна Гора со новиот закон од сите верски заедници бара писмен доказ за сопствеништво над имотот.

Со Законот е предвидено шестостепено докажување на имотот, со судот во Стразбур како конечна правна инстанца. Ако не може да се докаже дека некој верски објект е нејзина сопственост, верската заедница тој објект ќе може да го користи и натаму, но како сопственост на државата Црна Гора.

Дали звучи тоа како неправда, кражба и добра причина за граѓанска војна?, заклучува Николаидис.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e