Бројот на починати од новиот коронавирус во Велика Британија во изминатите 24 часа се зголеми за 861 на вкупно 13.729, соопшти денеска британското Министерство за здравство.
Како што пренесуваат британските медиум, тоа е најголем дневен пораст на смртни случаи во последните денови.
Според Министерството за здравство, од 327.068 тестирани на Ковид-19, 103.093 се позитивни.