Цел ден се шири лажен пропаганден наратив небаре е одлучено по апликацијата на Гордана Јанкуловска по предметот Тенк. Па те Стразбур ја строел Македонија и минатата Влада, отворил сериозни прашања за македонското судство и останати манипулации. Вистината е следна:
– Секогаш кога се поднесува апликација првично ја разгледува судија поединец кој може да ја отфрли на старт како недопуштена или да го помине овој прв филтер ако не е очигледно неоснована. Внимавајте судот во прв филтер прифатил дека апликацијата не е очигледно неоснована, што не е исто што и основана.
-Во следна фаза, која е токму оваа, Судот комуницира со Владата и поставува прашања на кои очекува одговор и кои се во насока на утврдување на битни факти за конечна одлука. Ова е ВООБИЧАЕНО во СИТЕ апикации кои го минале првиот филтер, и не претставува никаков огромен успех на апликантот како што се обидува да се претстави. Најнормалана комуникација меѓу судот и странките.
-Дури потоа предметот оди на одлучување, или пред стандарден Совет од седум судии или пред Голем судски совет од седумнаесет судии доколку се работи за прашање за кое Судот смета дека е особено важно во насока на заштита на правата од Конвенција.
Да бидеме јасни, сите прашања упатени до Владата се легитимни, и темпото со кое е судена Јанкуловска, и пристапот до доказите, правото на одбрана итн. Но претставување на оваа, ВООБИЧАЕНА фаза од процесот како “голема победа на Јанкуловска” е едноставно лага!
ФБ став на адвокатот Јанаки Митровски
