Ристова-Астеруд: Дел од граѓанството си дворат некои туѓи антиамерикански и антиевропски дворови

По веста за привремен прекин на издавањето имигрантски визи за САД, ајде, македонско граѓанство, спрегнете се сега на блуење по сеʼ САД и сеʼ американско. Наместо како одговорно граѓанство да седнете и да промозгате што е тоа што е заеднички именител на балканскиот дел од листата како закана за САД , а истовремено не ни е заеднички именител со Србија, т.е на што тоа треба многу посериозно да се работи, глејте, искористете ја оваа рефлектор-шанса за да си ја доразголите тоа идентитетската дезориентација. Ма покажете им на Амери колку се во право и колку само душмани може да си увезат од тука.
Спрема почетните коментари што ги исчитав, а и како тера значаен дел од граѓанството на терен веќе подолго време, дел заблеани и по некои политички партии, па по некои замаскирани за невладини, хуманитарци или коментаријат – фактори, кои и те како си дворат некои туѓи антиамерикански и антиевропски дворови, минимум идеолошки, не се знае, може ќе треба и сите други типови на визи да ни ги суспендираат. Тоа што засега не е така, сметајте го за голем успех, оти, ако следите, има и таква листа, може(ло) и на таа да се најдеме. Ако пак стигнеме дотаму…зарем некому треба натаму да му се црта?
ФБ став на проф.Каролина Ристова-Астеруд 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e