Проблеми на релација Бела куќа – Бела палата

Стратегијата беше јасна уште од самиот почеток и можевме да ја видиме дури и од Месечината. Добре де, од Калето. Гласеше вака: Со Брисел нема да бидеме пријатели. Тие бараат реформи и исполнување на обврските, а ние тоа ниту сакаме, ниту можеме да го исполниме. Затоа, ќе глумиме жртви, особено што народот го сака тоа. Ќе зборуваме позади завеса дека ЕУ така и така се распаѓа, па затоа што ќе ни е да влегуваме воопшто. Проширување на Унијата нема да се случи никогаш, само ги лажат наивните Албанија и Црна Гора. Ние сме препаметни за тоа.
Ама затоа, сите карти ќе ги ставиме на релацијата со Вашингтон. Ќе летаме до таму (business class only) секоја недела, се’ додека не оставиме впечаток дека сме ја запоседнале Белата куќа и дека робусно сме влегле во нивниот периметар. Со тоа, народот ќе го убедиме дека сме толку блиски стратешки партнери со нив, што ниту една резолуција во ОН не може да им помине без нас.
Така резонираа, така и направија.
Да бидеме реални, наведената стратегија на креирање лажна слика упешно им фунционираше неколку недели. Добро, нека биде месеци. Арно ама, што би рекол нивниот почесен, на лагата и се (се’ по)кратки нозете.
Демонтирањето на таа и таква лага започна кога Мицкоски најави дека ќе биде специјален гостин на инаугурацијата на Трамп, а всушност го сместија горе кај птиците во некоја сала/хала каде вршеа пренос од настанот.
Нешто подоцна, бидејќи беше специјален гостин, доби(вме) специјална царина од 33 отсто, за разлика од “наивните” Црна Гора и Албанија, на кои им се утврди трипати помала царина од 10 проценти.
На крај, лагата дефинитивно пукна како меур вчера, кога амбасадорката на САД директно му го кажа на Мицкоски она што ние одамна многу добро го знаеме, а тоа е дека многу зборува, а ништо не прави. Не само во судството, бидејќи, цитирам, задржувањето на фокусот на јавни изјави не ги решава системските проблеми.
И така, неславно, заврши уште една лага од фолдерот наречен надворешна политика. Но овој удар посебно (го) боли, бидејќи беше последната гранка од последното дрво на која владејачката партија и нејзиниот претседател седат подолг период.
Ќе следат нови прозивки, во кои ќе има се’ повеќе прашања, а на кои ќе имаат се’ помалку одговори.

ФБ став на Андреј Жерновски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e