Ова е земја во која што владее посилниот

Ако стопати бил пријавуван за семејно насилство од сопругата, комшиите и фамилијата, и ако има десетина кривични пријави поврзани со насилен криминал, тогаш полицајците морале да се прават луди кога жртвата ја повлекла последната пријава. Плус морале да се прават луди за да не ги контактираат во центарот за социјални работи, плус да му прогледаат низ прсти за другите пријави, плус да не бараат дополнителни докази…
Не, реално, самите полицајци се солидаризираат со насилникот, некои од нив и самите ги прават работите што Стојанче ги правел дома, некои не го сметаат тоа за толку страшна работа, а на некои едноставно им било драго што ја повлекла пријавата за да можат да непостапуваат.
Ова е земја во која што владее посилниот. На улица тоа се оние со големите џипови, во школо тоа се децата на богатите и влијателни родители, во судница се олигарсите, а во домовите тоа се мажите. Иако веројатно 1% од пријавите за семејно насилство се лажни, овие полицајци мислеле дека овој човек со повеќе кривични пријави од родендени е веројатно баш таков случај. И го пуштиле да оди да си ја малтретира фамилијата на раат!
ФБ став на Никола Наумоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e