Најчевска: Срамно е повторно градоначалник на главниот град да биде копук од ДПМНЕ

Интересно.
Овие ДПМН-овциве кои се тратуваат од земја заради тоа што противкандидатот на Орце бил многу млад, немаа проблем кога беше избор за член на првата Комисија за заштита од дискриминација да гласаат за пилиштерка која немаше појма од материјата за која ја предлагаа.
Изборот беше меѓу мене (доктор по правни науки, претседател на Хелсиншкиот комитет и меѓународен експерт за дискриминација) и учителката по музичко со завршена Педагошка академија.
И тогаш рекоа: ајде да и дадеме шанса на учителката па може ќе не изненади. Не не изненади и Комисијата постепено се претвори во уште една безгласна институција во функција на партиите.
Разликата во моментов е тоа што на една страна имаме партиска марионета со веќе ддокажана неспособност и млад човек кој има два грама мозок и некакво искуство во политиката па и во локалната самоуправа.
Да, јас мислам дека секој чесен човек во Скопје треба да гласа за Амар. Не затоа што е идеален кандидат (идеалниот кандидат Горан Марковски доби само 7000 гласови), туку затоа што е срамно повторно градоначалник на главниот град да биде копук од ДПМНЕ.
ФБ став на Мирјана Најчевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e