Макрадули за ВМРО: Поделби и поларизација, барање алиби и неспособност за одговорност

ВМРО ДПМНЕ и понатаму не може да излезе од својата препознатлива матрица. Матрица на водење политика на поделби и поларизација, политика на барање алиби, како и неспособност да презема одговорност за реалноста, за задачите и обврските кои ги имаат како носители на власта.
И во тој контекст, како логичен одговор на ваквите состојби, политиките на СДСМ треба да бидат спротивно на сето тоа. Па оттука, наместо поларизација, потребна е мобилизација, наместо етикетирање – дебатирање, наместо хибернација – активизам на терен, наместо бегање – храброст, наместо барање алиби – преземање на одговорност, наместо апатија – емпатија, наместо барање виновници – градење на партнерства, наместо да бегаат – да одговараат на тешки муабети.
И како што по некоја година ќе ја ценат владата колку и што направила, а не по тоа колку папагалски прес-конференции одржала, така и опозицијата ќе ја ценат по квалитетот, по храброста, по зрелоста што ја покажува, но и по визијата што ја нуди.
На Македонија, нам, на граѓаните потребна ни е политика која не ги брои поените по избори, туку резултатите по генерации.
Став на Јани Макрадули

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e