Зарем на никој не му смета…
…што државата се задолжи со уште 1 милијарда евра, како да земале кусур, а не иднина на рати?
…што робустното етикетирање на новинарите како портпароли на партии стана секојдневие, како и молкот на нивните колеги?
…што пола Влада магистрираше и докторираше, додека државата стагнираше, но академскиот периметар беше робустно исполнет?
Зарем на никој не му смета…
… објавениот список на лица кои немаат заеднички ни “Д” со Државна лотарија, а добивале робустни месечни хонорари?
…што ДДВ-то нема да се враќа, затоа што, според Владата, народот очигледно не е во приоритетниот “периметар”?
…што животниот стандард паѓа, а цените на струјата, парното и основните животни трошоци робустно растат?
Зарем на никој не му смета…
…што инвестициите “доаѓаат“,
ама секогаш се заглавени некаде на периферијата на периметарот на ветувањата?
…што ЕУ интеграциите тапкаат во место, затоа што изгледа Европа е надвор од нашиот политички периметар?
…што младите си одат со куфери, а премиерот ни ги враќа со изјави, веројатно во рамки на “стратегијата за враќање во периметарот“?
Зарем на никој не му смета…
… што сè ни е робустно, освен реалноста, која, очигледно, одамна е надвор од политичкиот периметар…
ФБ став на Јани Макрадули
