Аматеризам и импровизации во континуитет. Фрли закон против пушење во гладијаторската поделена општествената арена, а позади грб задолжи се со нова милијарда надвор, и со уште неколку стотици милиони евра внатре. Ништо поинтелегентно не можевте да смислите?
На пример:
– некоја странска инвестиција да потпишевте?
– некој енергетски објект да отворевте?
– да си организиравте сами обука за тоа што значи дигитална трансформација?
– да вратевте ДДВ?
Задолжувањето не е стратегија, поделбата не е политика, а импровизацијата не е визија.
За жал, ова не е управување со држава. Вака не се бега од реалноста.
Со ваква коцкарски All In политика, не се оди во Брисел, туку во коцкарниците за коишто ветивте, ама не ги затворивте.
ФБ став на Јани Макрадули
