Не знам како ни се наметна тезата дека однесувањето на власта зависи од состојбите во опозицијата. Демек е „нормално“ да упропастиш цела ИПАРД програма, да дозволиш, заради гласовите на Орце да ти ја понижуваат министерка од сопствената партија, да поставуваш противуставни повереници, и да се расправаш со ЕУ, со речник под секое ниво.
Состојбата во опозицијата не може и не смее да биде алиби за неодговорноста на власта. Бидејќи одговорноста не се дели, не се префрла, туку се носи и треба да знаеш да се носиш со истата.
Алибито за пропаднати две години мандат, чувајте си го за на Конгрес, а опозицијата, без брзање, МОРА да подготви прво извештај за изборите, а потоа креира план, план со содржина и социјалдемократска душа и страст.
ФБ став на Јани Макрадули
