Колку е голема „цицката“ на државата?

Значи, да бидеме на јасно: додека не се произведе вакцина или додека не се најде ефикасен лек за вирусов, ќе си останеме во некаков вид на општествена вонредна состојба, со повремени „затегања“ на условите за движење и работа, зависно од неделните варијации во бројот на починати и заразени. На научниците уште не им е јасно ни дали еднаш излечените се заштитени од повторна зараза. На пример, читам, американските експерти веќе предвидуваат дека зимово следува нов, уште потежок бран од пандемискава пошаст.

Тоа, барем во догледна иднина, ќе ги промени сите важечки и подразбирливи стандарди и навики за слободата на нашето однесување, за сфаќањето на приватноста, за начинот на кој заработуваме и трошиме пари, што работиме, како и со кого се дружиме, кој ни е односот кон постарите или помладите, што ни прават децата, како излегуваме по кафеани и кафулиња, кога шетаме кучиња, што јадеме, кој ни е распоредот во домовите или во канцелариите, како се транспортираме и каде ќе патуваме, со кого ќе водиме љубов… Дали со социјалната дистанца кај пикадото или пинг-понгот тие ќе станат главните спортови во обложувалниците? И уште илјадници други работи од јавниот и приватниот живот. Меѓу другото, и односот кон нашето здравје, кон незапирливата трка за правење пари, а и односот кон умирачката, како таква.

Да речеме, ако ве прашаат колку смртни случаи месечно во Македонија би ви биле „прифатливи“ за да одржите некаква „нормалност“ во начинот на живеење, за која бројка би се определиле? … Всушност, прашањето е која е таа бројка на починати од вирусот што вам ќе ви го задржи чувството дека тоа им се случува само „на некои други“, а никогаш вам и на вашите блиски?

Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивилмeдиа на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e