Додека чекаме ќе го исчисти ли Орце скопското ѓубре, Албанија и Црна Гора со џиновски чекори се приближуваат до Брисел

И додека ние, гордите македончиња, живи затресени ја чекаме разврската на хамлетовската дилема – ќе го исчисти ли Орце скопското ѓубре за три дни или не, Европската комисија си кажа: Албанија и Црна Гора со џиновски чекори се приближуваат до вратите на Брисел и најдоцна до 2030 година ќе станат дел од големото европско семејство.
Македонија? Не’ спомнаа и нас, ама не по арно. Рекоа, не сме ја завршиле домашната работа и се’ дури е така, ЕУ ќе ни остане недосонуван сон… небаре не знаат оти нашата Влада сонува поинакви соништа.
А и шо ќе ни е ЕУ кога и онака пари ни врнат од сите страни? За година и пол, милијарда од Унгарија, 6 од Велика Британија, во јануари нова милијарда од еврообврзница… малку се? Тоа што јавниот долг достигна 10 милијарди евра, или 60% од БДП, кого го интересира тоа? У ствари, колкумина во државава го разбираат значењето на овие застрашувачки бројки?
Важно е дека на Максим му напишаа песна, додуша и таа украдена, дека дивоградбите во Чаир нема да се туркаат оти премиерот бил градител а не рушител, дека ДПМНЕ победи во Кочани…
На крајот на краиштата, каков народ – таква држава.
ФБ став на Зоран Милошески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e