Македонија ќе продолжи понатаму со “Македонски концепт”(МК), со “Обнова за Македонија”(ОМ) или со “Прав пат”(ПП)?
Македонскиот процес трае… државноста се гради… доаѓаат големи кризи, како оваа денес со одлуката на ЕУ!
Имаме две алтернативни понуди, наспроти онаа “На прав пат” на власта!
Што е суштинската разлика помеѓу двете алтернативни платформи?
1. Држава
МК – “Државата пред се!”
ОМ – “Личните интереси пред се!”
МК – “Македонија е на сите нас!”
ОМ – “Македонија е на неколку фамилии!”
МК – државен патриотизам од 21ви век!
ОМ – национален патриотизам од 19ти век!
МК – држава на државотворни граѓани!
ОМ – држава на мафијата!
МК – интеграцијата во ЕУ е само еден чекор кон градењето на македонската Република!
ОМ – добро е што ЕУ се двоуми, ќе можеме да ја оспориме независноста на Републиката!
МК – МПЦ столб на државноста на Македонија!
ОМ – МПЦ неуспешен проект, да се врати СПЦ!
2. Нација
МК – “Македонија на Македонците”!
ОМ – “Македонизам”!
МК – “Граѓанска нација”!
ОМ – “Нација од повеќе народи”!
МК – богати граѓани на Републиката!
ОМ – сиромашна клиентела на елитите!
3. Надворешна политика
МК – државноста пред називот!
ОМ – да го искористиме прашањето за името, за да лапнеме власт!
МК – имплементација на “Преспански договор” строго согласно неговите одредби! Одложена ЕУ – одложена Преспа!
ОМ – предавнички и капитулански “Преспански договор”, кој ние во целост го прифаќаме и ќе го имплементираме, само дадете власт!
МК – “Бугарскиот договор” ги намали тензиите помеѓу двете држави!
ОМ – “Бугарскиот договор” е предавство и ни ја менува историјата, но ако ни дадете власт, ќе го “препрочитаме”!
МК – надградба на постојната состојба и унапредување на македонската државност со полна интеграција во ЕУ и НАТО!
ОМ – ревизионизам на постигнатото ниво, враќање во минатото преку идеи за “Голема Србија” или “Скратена Југославија”!
МК – “Централно Балканска Иницијатива” како форма за регионална интеграција на Македонија во ЕУ!
ОМ – “Западно Балканско Полтронство” и грижа за туѓ територијален интегритет!
МК – Косово е затворено прашање!
ОМ – Косово е наша стратешка грешка, тоа е српска територија, во чие оспорување треба да се меша Македонија!
МК – непроменливост на границите на Балканот!
ОМ – може се, само Белград да е задоволен!
МК – НАТО и ЕУ се без алтернатива!
ОМ – ние сме за ЕУ, но само доколку сме ние на власт!
МК – САД се најголем пријател на државноста на Македонија!
ОМ – ние даваме сигнал кон САД, но возиме кон исток!
4. Внатрешна политика
МК – национално единство!
ОМ – патриоти и предавници, антички и северџани!
МК – реформирање на “груевизмот”!
ОМ – реставрирање на “груевизмот”!
МК – одговорност за “мафијата”!
ОМ – одговорност за “политичките конкуренти”!
МК – не мора да си на власт, за да бидеш лојален граѓанин!
ОМ – “Газ за власт”!
МК – обештетување на граѓаните за 30 годишното понижување!
ОМ – обештетување на арамиите за неправдите од СЈО!
МК – продолжување на предметите на СЈО!
ОМ – уништување на правдата и СЈО!
МК – ниски даноци!
ОМ – ниска наплата!
МК – потекло на имот на сите избрани и именувани функционери, пред и после извршување на функцијата!
ОМ – крадиме идеја, но за нас не важи!
МК – демократизација на изборен систем!
ОМ – централизација на изборен систем!
МК – европеизација на општеството!
ОМ – партизација на општеството!
МК – ЕУ поради европски вредности, имплементирани дома!
ОМ – ЕУ како изговор за практикување на апашките вредности!
МК – полна слобода на говор и убедување!
ОМ – само да дојдеме на власт, ќе видите сите што ве чека!
Вака можеме бесконечно… но одлуката е на секој од нас!
Ќе најдеме спас за Македонија, во МК, во ОМ или во ПП?!?
ФБ статус на Петар Богојески