По изрекувањето на пресудите вистинските вмровци останаа со прстот во уста. Насекаде тема се изречените казни на учесниците на Крвавиот четврток. Длабоко се разочарани. Не од изречените казни. Туку од нивните водачи кои сега ги нема никаде и кои Партијата ја „клекнаа“на колена. Ја направија терористичка. А сите осудени им веруваа на водачите. Длабоко им веруваа. Влегоа во законодавниот дом за да ја срушат државата, а некои и да убиваат. Дојдоа од секаде. Ја ставија главата во „торба“ само да ја исполнат наредбата на водачите . На судењето молчеа, збор не изустија и не ги спомнаа нивните имиња. Вината на себе си ја ставија. А нив сега ги нема. Никои, од оние “главните“, ниту дојде, ниту ниу збор за утеха им кажа. Во одбрана се јавија, колку само да се јават, некогашните „десети“ виолини од ВМРО-ДПМНЕ. И лидерот Мицковски се јави. Но, тој не е Груевски, Мијалков, Тодоров. Вмровците се длабоко разочарани и од казните и за судбината на Партијата. Огорчени се.
Една група од петнаесетина, постари членови на ВМРО-ДПМНЕ , на улица, со горчина , гласно коментираа.
„Каде е Груевски, Протуѓеров, Милошевски, каде е Гордана. Каде е братучедот Мијалков, Илија Димовски и сите други кои се „чукаа“ во гради дека животот ако треба ќе го дадат за ВМРО-ДПМНЕ. Каде се?. На душа ги зедоа. А тие за мене будали излегоа што не ги кажаа. Барем еден добар збор да им кажеа. Да им се заблагодареа што не ги кажаа дека тие ги излагаа и ги натераа да влезат во Парламентот. Ништо друго не бараа од нив. Е, сега, браќа, јасно, како ден, ми е дека сите оние што не водеа, „гајле“ им било за Партијата. Едните со полни торби пари избегаа, а другите гледаат само својата „кожа“ да си ја спасат. Арам да им е!. Нивното назад е.“, вели еден висок маж.
„Така е. Слепо им верувавме. А сега на кого ја оставија ВМРО-ДПМНЕ?. На „пилиштарите“, на „патриотите“.Кои „патриоти“ бре? Тие пред нив украдоа се што можеа да украдат. Ги изгубија срамно изборите. Ова на ВМРО-ДПМНЕ никој досега му го нема направено. Арам да им е и никогаш, оние што побегнаа, да не се вратат во Македонија, а другите, да даде Господ, да „гнијат“ по затворите!“, вели друг.
„И „ебаа“ мајката на Партијата. Дерман нема да и дојде. Овие од СДСМ нема да „сопрат“ само на ова. И Запад не не сака.И таа ни го сврте грбот. Не чинел договорот со Грција. Името го смениле. Не во НАТО и ЕУ. А што направивме ние! А бре Грујо, арам да ти е и името и украдените пари. Горко да ти биде кафето што го пиеш во Будимпешта. Заради тебе, верни членови, кој до крај останаа со ВМРО-ДПМНЕ, ќе гнијат. Арам да ти е!. Ја растури партијата. Дерман нема да и дојде. Мене, браќа, бришете ме од Партијата!“, вели трет постар човек.
Ја напуштивме разочараната група на некогашите верни членови на ВМРО-ДПМНЕ, која стануваше се поголема и погласна. Сите со горчина ги осудуваа некогашните водачи, а со жалење велеа дека казната што ја добија оние што учествувале во Крвавиот четврток, не требало тие да ја добијат тие туку нивните водачи.
Стоилко Андреевски