Вилијан сака да продолжи да го носи дресот на Челзи се до 40 години

Вилијан сака да продолжи да го носи дресот на Челзи се додека не наполни 40 години.

Крилниот напаѓач разговарал за својата иднина со раководството на лондонскиот клуб, иако претходно тој беше трансфер цел за шпанскиот шампион Барселона.

„Сите знаат дека го сакам клубот и би сакал да останам во Челзи. Би сакал да бидам овде до 40 години, но нема многу сигурни работи во фудбалот. Јас сакам да играм тука. Одлуката не е само моја, туку и на клубот. Во моментов преговараме“, рече 31-годишниот бразилски репрезентативец.

На 26 декември, Челзи игра дома против Саутемптон. Засега „сините“ се на четвртото место во пласманот. Во 2013 година, Вилијан се пресели од Шахтјор Доњецк во Челзи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e