Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер призна дека неговиот тим треба да се залага за достигнувањата на Ливерпул.
Норвешкиот стратег смета дека тимот од Мерсисајд бил во слична позиција со онаа на „црвените ѓаволи“, но за неколку години тие успеаја да се искачат на врвот.
„Сакаме да бидеме тим што доминира со ривалите и ги победува. На Ливерпул им беа потребни неколку години за да стигнат до таа етапа и ние само треба да продолжиме да се надградуваме, затоа што сакаме да го достигнеме ова високо ниво“, започна Норвежанецот.
„Да, ние сме добри во контранапад. Да, имаме брзина и брзи играчи. Ние секогаш мора да ги задржиме овие квалитети затоа што тие се дел од нашата традиција како клуб. Создаваме многу шанси за гол, но секој пат кога ќе ја изгубиме топката, следува контранапад. Треба да бидеме повнимателни и добри во запирањето на овие контранапади. Токму во овој аспект тимот ќе се научи од своите грешки и сигурен сум дека ќе видиме подобрување и оваа и следната сезона“, додаде Солскјер.
Јунајтед се наоѓа на осмото место на табелата, со најмалку поени во историјата на клубот во Премиер Лигата на Божиќ – 25. Надежите се дека ќе обезбедат пласман во топ 4, но тоа ќе биде тешко со оглед на нестабилноста на играта.