Клоп по триумфот: Се чувствувам апсолутно сензационално

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше пресреќен по триумфот на Светското клупско првенство, откако неговиот тим го победи бразилски Фламенго со 1:0 во финалето и со тоа направи историски „требл“ од меѓународни трофеи.

Германецот, кој во еден момент имаше 7 загубени финалиња по ред, ги освои Лигата на шампионите, Супер купот на Европа и трофејот од Светскиот клупски шампионат, на чело на тимот од Мерсисајд.

„Беше прекрасна ноќ за нас. Играме повторно по пет дена, така што е дефинитивно прилично тешко време. Сепак, момците покажаа на овој натпревар дека навистина сакаат да кренат уште еден трофеј и да го направат следниот чекор напред“, прокоментира стратегот. .

„Јас сум крајно задоволен од нив. Тие покажаа голема желба да се борат и да го освојат не само трофејот, туку и следниот меч. Следниот предизвик и така натаму. Вечерва успеавме да постигнеме повеќе од победа на овој натпревар. Се чувствувам апсолутно сензационално“.

„Јас го освојувам овој трофеј за прв пат и јас сум крајно среќен од овој факт. Мислам дека го постигнавме овој успех целосно заслужено. Бевме подобар тим и природно победивме“, сподели Клоп.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e