Интер и Барселона продолжуваат со разговорите за трансферот на Артуро Видал на „Меаца“, пренесува „Gazzetta dello Sport“. Обидите на „нероазурите“ барем засега удираат на камен, со тоа што во моментов 8 милиони евра ги раздвојуваат двете страни од договорот.
Раководството на Интер предлага 12 милиони евра за Видал, додека Каталонците бараат 20 милиони евра за избришани. Агентот на фудбалерот Фернандо Феличевич кој во текот на летото одигра голема улога во тоа Алексис Санчез да премине од Манчестер Јунајтед во Интер, е со задача да го финализира договорот за Видал.
Менторот на „сино-црните“ Антонио Конте инсистира да добие барем еден играч од средниот ред преку зимскиот преоден рок. Во средниот ред, Интер има најголеми проблеми во последните натпревари поради повредите на Стефано Сенси, Роберто Гаљардини и Николо Барела.