Менаџерот Пеп Гвардиола напиша „благодарница“ до претставниците на Премиер лигата за да го изрази својот гнев од програмата на Манчестер Сити за време на Божиќните и новогодишните празници. Шампионите се еден од петте клубови што играат два натпревари за помалку од 48 часа оваа недела и тоа го налути стратегот.
Сити гостува на Вулверхемптон од 20:45 часот по македонско време во петок и домаќин е на Шефилд Јунајтед во 17 часот во недела.
„Им напишав писмо со благодарност. Тренираме на 23 и на 24. Во вечерните часови на 24-ти ќе одмориме, како и во утринските часови на 25-ти. Потоа тренираме на 26 и 27 за да се сретнеме со тимот на Нуно Еспирито Санто“, рече Гвардиола, кој ќе го предводи својот тим против Шефилд помалку од два дена подоцна.