Елмас ќе го почне мечот од ЛШ против Салцбург

Италијанските медиуми најавуваат дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе се врати во стартниот тим на Наполи за утрешниот натпревар од Лигата на шампионите против Салцбург.

Елмас не влезе во игра при саботниот пораз од Рома во Серија А, но тренерот Анчелоти донел одлука тој да стартува од првата минута против Салцбург, со што ќе го заземе местото на повредениот Алан.

По серијата слаби резултати во италијанското првенство, на Наполи очајно му е потребен триумф за враќање на самодовербата, а со триумф имаат можност да го обезбедат пласманот во нокаут фазата на две кола пред крајот на ЛШ.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e