Ентони Џошуа не се плаши од предизвиците и е подготвен да ја промени својата професија. Претходно овој месец, Британецот си ја врати титулт во тешка категорија откако му се реваншираше на Енди Руиз во Саудиска Арабија. Џошуа им покажа на сите дека може да прифати неуспех и да научи од тоа. Тој доминираше над својот противник и е повторно на тронот на тешката категорија.
Британецот беше интервјуиран од ТМЗ и рече дека е подготвен да се проба во ММА. Еј Џеј сподели дека се живее само еднаш и не му пречи да се тестира себе си во нови средини.