Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг изјави дека неговиот пријател Матаис де Лихт, кој во моментов игра за Јувентус, би можел во иднина да се пресели во Барса.
„Тој донесе одлука да замине во Јувентус и работите одат добро за него во Торино. Ова не значи дека тој нема да се пресели во Барселона по неколку години “, рече Де Јонг во интервјуто за холандскиот весник Де Телеграф.
22-годишниот играч од средниот ред зборува и за досегашната сезона на Каталонците.
Според него, екипата настапува добро, но треба да бидат попостојани.
Тој исто така го коментираше и неговиот сопствен настап.
„Мојата флексибилност на теренот е предност, тоа е она што ми го кажува мојот тренер. Сега играм претежно од левата страна во центарот на теренот затоа што Артур е повреден. Јас сум многу среќен со можноста да играм толку многу дуели во првите месеци тука. Можев да ги покажам моите способности на моменти, но можам да направам многу повеќе. Не сум доминантен како што бев во Ајакс. На мојата сегашна позиција, морам да се прилагодувам и да постигнувам голови“, рече Холанѓанецот.