Азар го избра Реал пред Баерн

Белгискиот репрезентативец Еден Азар се пресели од Челзи во Реал Мадрид во текот на летото за 100 милиони евра. Сепак, играчот од средниот ред имаше шанса да го избере германскиот шампион Баерн Минхен, но за 28-годишниот фудбалер трансферот во Бундеслигата не бил на агендата.

„Еден ја отфрли можноста. За него, работите беа: „Јас не одам таму затоа што мојот брат игра во Германија. Тогаш ќе се зборува само за Еден и неговиот брат“, откри поранешниот соиграч на Азар и голманот на Челзи, Роб Грин за „Атлетик“.

Грин, кој стави крај на неговата активна ариера во текот на летото, целосно ја разбира одлуката на Азар.

„Тој мислеше дека неговиот брат може да направи име таму како Торган Азар, а не како брат на Еден Азар. Некои можеби го сметаат тоа за еден вид ароганција, но тоа е всушност дарежлив чин“, објасни 39-годишниот поранешен голман.

Торган Азар игра оваа година во Дортмунд, а пред тоа 26-годишниот играч од средниот ред ја одбрани честа на Минхенгладбах. Двајцата браќа се репрезентативци на Белгија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e