Минатата недела се одржа 23. издание на Златна Бубамара на популарноста во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, каде беа доделени наградите за најпопуларните во 2019 година.
Награда за животно дело доби музичарот Ангеле Димовски, кој имаше впечатлив настап со својот син Гоце Димовски, и неговата група, „Синезтис“. Од етно-составот кој нѐ претставува секаде низ светот, награда доби и Радослав Шутевски- Шуте. Влатко Стефановски и Раде Шербеџија ја разнежнија публиката со антологиската „Остала си увек иста“ на Мишо Ковач. Награда за животно дело доби режисерот Столе Попов, а Влатко Стефановски му ја отсвире „Џипси Меџик“. И самиот Влатко е награден за концерт на годината, во Античкиот театар во Охрид. … Емотивен и величенствен дел беше и појавувањето на екипата од „Медена земја“ на „Бубамара кои го добија најдолгиот аплауз.
23 издание на наградите „Златна Бубамара на полуларноста“ е објавено на Јутјуб.
Погледнете како изгледаше атмосферата низ фотографиите подолу: