Здравјето на Селин Дион се влошува, не може да го контролира движењето

Здравствената состојба на пејачката Селин Дион (55) се влошува. Една година по објавувањето на дијагнозата, пејачката повеќе не може да контролира одредени движења на телото, а тоа го потврди и нејзината сестра Клодет Дион.

– Таа нема контрола над своите мускули. Она што ми го кине срцето е тоа што таа секогаш беше дисциплинирана и се грижеше за се. Таа секогаш работеше напорно. Нашата мајка секогаш ѝ велеше: „Ќе го направиш тоа како што треба, ќе го направиш правилно“ – изјавила Клодет за 7Jours.

– Точно е дека и во нашите и во нејзините соништа целта е да се врати на сцената. Во каква форма? Не знам – додаде таа.

Инаку, Селин на крајот на минатата година откри дека се бори со синдромот на вкочанета личност (СПС), необична болест која предизвикува неконтролирани мускулни грчеви.

Тоа е невролошко нарушување кое доведува до вкочанетост на мускулите. Болеста го заклучува телото во положба од која личноста не може да се движи и предизвикува грчеви кои можат да бидат толку силни што дури и ги кршат коските.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e