55-годишниот американски актер Кијану Ривс неодамна на јавноста ѝ ја претстави својата девојка, 46-годишната Александра Грант, а таа истакнала дека секоја личност која ја познава, ја повикала по таквата вест и ја прашала за нејзината врска.
Александра за британскиот Вог открила дека била фасцинирана од реакциите на околината откако се дознало дека е во врска со познатиот актер. Таа вели дека обожавателите на Кијану биле воодушевени што тој не завршил во врска со некоја многу помлада актерка или манекенка.
Грант открила и дека до неа стигнале коментари дека е престара за него и покрај фактот што Ривс е 9 години постар. Некои дури и коментирале дека изгледа постаро и од неговата мајка само затоа што таа има седа коса и малку поинаков стил.
“Јас предвреме побелев, уште во раните 20-ти години бидејќи ја фарбав косата со секоја фарба која што ќе ја најдев, сè додека не станав интолерантна на токсините во нив. Во 30-тите години оставив косата да ми стане бела. Го сакам и почитувам тоа што секоја жена може да избере како ќе изгледа во кое било доба од животот. Ако жените страдаат од наметнатите стандарди на убавина, ајде да зборуваме за тие стандарди”, порачала таа.
Нејзе ја споредуваат и со славната актерка Хелен Мирен која има 74 години, а Александра само се насмеала на тоа. Од друга страна, Хелен ги прокоментирала ваквите споредби.