Ким Катрал, заводничката од популарната серија „Sex and the City“ истакна дека поради нејзиниот карактер и тврдоглавост, морала да донесе одлука дека нема да стане мајка.
Холивудската актерка која се омажила за Марк Левинсон баш кога го достигнала врвот на нејзината кариера, одлуката да не биде мајка ја донела на 41-годишна возраст.
Темпото на снимање на серијата и други проекти било напорно, но ѝ одговарал тој начин на живот. Како што вели и самата, немало начин за да си дозволи да има плодна кариера, да биде сопруга, мајка и да работи по 19 часа дневно.
Со мојот партнер имавме односи во точно определено време. Едноставно не можев да постигнам сè, да бидам емотивно и физички здрава и да работам по 19 часа, вели 64-годишната Ким Катрал за медиумите.
Таа додаде: „Имав 41 година и сфатив дека мора да донесам одлука. Јас обожавам да работам, па едноставно помислив дека не знам дали ќе успеам да ја одржам бременоста. Поради сопственото здравје одлучив да најдам некој друг начин за да имам дете и станам родител“.