Загина Орсон Бин од серијата „Очајни домаќинки“

Орсон Бин глумеше во над 100 филмови и серии и е најдобро познат на публиката како Рој Бендер од популарната серија „Очајни домаќинки“.

Холивудскиот актер Орсон Бин почина на 92-годишна возраст. Актерот настрада во Лос Анџелес, кога се обидел да премине улица пред пешачки премин. Еден автомобил со огромна брзина поминал покрај актерот, а друг автомобил го удрил и му предизвикал фатални повреди.

Орсон зад себе ја остави сопругата Али Милс, со која беше во брак 27 години и со која има четири деца.

Семејството шокирано, не можеше да верува дека актерот во својата длабока старост настрада на брутален начин.

Тимот од „Очајни домаќинки“ предводен од режисерот Марк Чери, изрази соочувство до семејството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e