Лоренцо Брино во „Седмо небо“, серија која Србија ја обожаваше, беше познат како Сем Кемден, брат на Џесика Бил.
Поранешната детска ѕвезда Лоренцо Брино (21) почина во понеделникот на 7-ми март, пренесуваат светските медиуми.
Брино загинал во сообраќајна несреќа кога изгубил контрола над своето возило. Тој починал на лице место, а властите во Калифорнија ја испитуваат причината за несреќата.
Тој во серијата играше со неговиот роден брат Никола. Тие се приклучија на тимот во три сезони и се појавија во вкупно 138 епизоди.
„Седмо небо“ беше серија која зборуваше за семејните вредности додека го следи животот на семејството Кемден, во кое има седум деца. Една од ќерките, сестрата на Сем, ја играше актерката Џесика Бил, на која оваа серија и беше една од првите улоги и отскочна табла во нејзината кариера.