Вооружени напаѓачи упаднале и пукале на снимање на серија каде глуми Џенифер Лопез

Се тврди дека двајца вооружени мажи влегле во собата за снимање и почнале да ги бркаат двата помошници продуценти.

Актерката и пејачка доживеала вистинска драма.

Како што пишуваат американските медиуми, на снимањето на серијата “Плава нијанса” во Бруклин, дошло до пресметка со огнено оружје.

За среќа, Џеј Ло веќе ги имала снимено сите сцени тој ден, и непосредно пред несреќата ја напуштила собата за снимање.

Актерката Кетрин Кејтс се подготвувала за снимање за време на нападот. “Мојата приколка се наоѓа веднаш зад приколка на Џенифер Лопез, но таа нешто порано замина од сетот. Одеднаш слушнавме врева и женски гласови кои не молеа да ги пуштиме “, изјави потресената актерка.

Се тврди дека двајца вооружени мажи влегле во собата и почнале да ги напаѓаат двајцата помошници продуценти со истрели од огнено оружје. Полицијата пристигнала бргу на местото на настанот и ги уапсила напаѓачите.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e