Внукот на Елвис Присли се самоубил

Внукот на Елвис Присли и синот на Лиза Мари Присли, Бенџамин Кеу (27) трагично починал. Според полицискиот извештај, сам се застрелал. Тој бил пронајден во неговиот дом во Калабасас во неделата вечерта.

“Нејзиното срце е целосно скршено и таа е неутешна, но таа се обидува да биде силна за нејзините 11-годишни близнаци и најстарата ќерка Рајли. Таа го обожаваше тоа момче. Тој беше љубов на нејзиниот живот”, изјавил менаџерот Лисе Мари за медиумите.

Таа го доби Бенџамин од врскаа со музичарот Дени Кеу. Таа претходно зборуваше за сличностите помеѓу нејзиниот син и Елвис, нарекувајќи ја неверојатна.

“Бен многу личи на Елвис. Секој сакаше да се фотографира со него бидејќи сличноста е неверојатна. Понекогаш се чувствувам преплавена со емоции кога го гледам”, рекла таа.
Полицијата известила дека биле повикани на местото на настанот во 18:30 часот по локално време.

„По пристигнувањето, полицијата ја пронашла жртвата со рана во горниот дел од торзото. Жртвата беше прогласена за мртва на местото на настанот“, објавила полицијата.

Бенџамин живеел далеку од очите на јавноста и многу малку се знае за неговиот живот.

Медиумите во 2009. година пишуваа дека тој потпишал договор од 5. милиони долари со Универзал, а потоа објавил дека неговата музика нема да личи на онаа на неговиот дедо. Но, извршниот директор на Универзал мјузик, Питер ЛоФраменто, рекол дека тоа не е точно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e