Влошена здравствената состојба на Селин Дион, повеќе не станува од кревет

Музичката дива поради проблеми со здравјето изгубила премногу телесна маса, а повеќе не може ни да се движи, според некои извори. Поради сето тоа, некое време можеби ќе се повлече од музичкиот свет.

Славната канадска пејачка Селин Дион уште во октомври минатата година ги загрижи обожавателите, откажувајќи ги најавените концерти во Лас Вегас, а неодамна одложила уште неколку. Причината за тоа се здравствените проблеми со кои се бори дивата и со јаките, долготрајни грчеви во мускулите. Нејзината блиска пријателка сега јавно проговорила за нејзината загрижувачка здравствена состојба.

Имено, пејачката повеќе не може да стане од кревет, ниту да се движи, поради јаките и парализирачки болки во нозете и стапалата, открил изворот додавајќи дека Селин значајно ослабела и дека многу е слаба, поради што ѝ е тешко да се грижи за своите деца, 11-годишните близнаци Еди и Нелсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e