Актерот Дритон Вејсели или познат како Талат од „Преспав” поседува многу таленти, па не е за изненадување фактот дека тој има одлични предиспозиции за фитнес инструктор.
Талат на забавен начин ни покажа неколку корисни физички вежби во рамките на емисијата „ТВ училница” од образовната програма на националниот сервис.
Преку неговиот препознатлив хумор, тој нè потсети да не ги занемаруваме физичките активности, па дури и во вонредни услови. Напротив, еден дел од денот да посветиме на неколку основни вежби за одржување на физичката кондиција.
А еве како тоа го прави омилениот Таљат кој во својот тренинг вклучи и неколку вежби со назив: макарена, вртоглавици, мамбо, возење голф…