Нашата Калиопи, заедно со Северина и нејзиниот свекор Кеба, ги поздравија фановите со македонскиот евергрин „Битола мој роден крај“.
„Вака беше синоќа на Instagramlive. Двајца прекрасни луѓе, две благородни суштества, ни ги разубавија минутите што ги поминуваме заедно во живо на инстаграм…Од тоа нивно изненадување зедовме повеќе светлина и позитива за овие денови во изолација … Ви благодарам мои прекрасни Северина и Кеба…“, напиша Калиопи.