(ВИДЕО) Вака звучи кога Ибрахимовиќ ќе запее српски турбофолк!

Пред пет дена, Златан Ибрахимовиќ го прослави 501-от гол во кариерата пеејќи и танцувајќи на песната ,,Јутро је”од Нада Топчагиќ.
Снимката од неговата забава со турбофолк песната веднаш стана вирална, а тој ја воодушеви пејачката, како и со низа други фанови.

Сепак, страствениот обожавател на фолк музика е отворен и за други музички стилови. Тоа го докажал и со најавата дека ќе биде гостин на сите пет вечери на Сан Ремо, култниот фестивал на италијански забавни песни.

Амадеус, кое е уметничкото име на уметничкиот директор на Сан Ремо, открил дека фестивалот има специјален гостин оваа година. Златан Ибрахимовиќ стапил во контакт со обожавателите на славниот фестивал и им рекол со пура во раката: “Подгответе се, доаѓам. Ќе снимам плоча”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e