Пејачката Тијана Дапчевиќ синоќа го обезбеди своето место во финалето на избор на песна за Евровизија која ќе ја претставува Србија во Торино, Италија.
Тијана синоќа настапи со својата песна „Љуби, љуби довека“ чиј текст е дело на познатата Леонтина Вукомановиќ.
Овојпат, може да кажеме дека Тијана се надмина самата себе и се покажа во најдобро можно светло, иако за нејзините гласовни способности говорат бројните хитови кои таа ги отпеала досега.
Тијана излезе сама на сцена, песната ја отпеа со цела душа, па предизвика големи и длабоки емоции кај оние кои ја слушаа. Доказ за тоа беше огромното ракоплескање по крајот на изведбата.
Тијана изгледаше неверојатно на сцена, а за оваа прилика пејачката носеше елегантен црвен костим во комбинација со високи потпетици и впечатлива шминка.
На Тијана друштво ѝ правеше нејзината сестра Тамара Тодевска која допатувала во Белград како нејзина најголема поддршка.