Познатата водителка Сузана Манчиќ покажа како изгледа нејзиното секојдневие во текот на вонредната состојба во Србија поради пандемијата на коронавирусот.
– Што правам? Пеглам! Што правев претходно? Ја миев косата сама! Нема фризер…Нема помош во домот, ја нема мојата Жаклина. Готвам, перам, пеглам, излегов од комфорната зона. Што се мора – не е тешко – изјави Сузана.
– Не излегувам без потреба. Евентуално да го прошетам кучето. Тоа е тоа. Бидете дисциплинирани, чувајте го својот живот и животот на своите најблиски – додаде таа, покренувајќи лавина коментари на социјалните мрежи.