The Jesus Rolls е филм за кој што деновиве многу се зборува.
Филмот е направен како неофицијален спин-оф на филмот од 1998 година „Големиот Лебовски“, во режија на Џон Туртуро. Тој во спин-оф го игра ликот на Исус Квинтана, а на сетот му се придружија и други познати холивудски имиња. Силните актери и жешките секс сцени се она што го прават овој филм крајно примамлив за гледање.
Фотографиите од снимањето покажуваат дека водечките актерки Одри Тауту и Сузан Сарандон се нашле во жешка сцена со двајца колеги на сетот, 49-годишниот Боби Канавале и 62-годишниот Џон Туртуро.
Сузан Сарандон наполни 73 години минатата година, но сепак е главна во жешката сцена. Таа беше номинирана за престижната награда Оскар пет пати, и беше во можност да ја освои во 1995 година за улогата во „Одење до смрт“. Во претстојниот филм „ The Jesus Rolls“, таа го игра ликот на меланхоличната Џан.
Ликот на Џан е спротивен на разиграниот лик на Французинката Мари, која го игра прекрасната Одри Тауту. Критичарите кои го гледаа филмот го опишаа ликот на Тауту како нимфоманка која никогаш не може да има оргазам, и покрај тоа што има редовен секс со двајцата главни машки лика во филмот.