Познатата водителка и инфлуенсерка се отвори пред своите фанови на Инстаграм. Во филозофски стил им се заблагодари што ја направиле кративна. Еве што напиша убавата водителка:
„Зошто да бидеш ист како другите?!?!? Кога за прв пат сфатив дека се што ти се случува во животот- сам си го создаваш, прва работа што ме збуни беше фактот што јас никогаш не си посакав група на луѓе кои нема да ме сакаат или нема да можат да ме поднесат.
Ама денеска, кога гледам колку среќно и креативно човече ме направи токму таа група , ми иде да си ги соберам сите заедно во диско, да се забавуваат, да се дружат и да пијат цела вечер на моја сметка 🤗
Нека ни се живи и здрави сите наши хејтери (ова од срце го кажувам) и само нека не туркаат напред…. наше е да бидеме таму каде што не носат- НАПРЕД ! Ние, за разлика од нив, јавно ќе ги САКАМЕ, сега и засекогаш-АМИН!
Love you all! Подобри не можев да ве имам “ – порача Спенџарска во видеото.