(ВИДЕО) Слушнете ја новата песна на Драгана Мирковиќ „Хеј љубави било чија“

Фолк дивата Драгана Мирковиќ веднаш откако беше укината изолацијата ја снимаше песната која што е подарок за публиката.

Насловот на песната е „Хеј љубави било чија“, а текстот е љубовен и ги воодушеви нејзините фанови.

„Секога кога ќе снимам нова песна желба ми е публиката да ја препознае целата љубов која што ја вложив во неа. Сега тоа посебно ми беше важно бидејќи поминавме низ многу лош период кој се уште не е зад нас. Првите реакции се фантастични, пресреќна сум што на луѓето успеав да им го разубавам оваа стресна година“, посочи Мирковиќ.

Таа додаде и дека за време на пандемијата и се јавиле многу луѓе кои и кажале дека музиката им помогнала полесно да ги пребродат тешките моменти.

Тоа ја инспирирало па веднаш откако заврши вонредната состојба таа снимаше песна која и ја подари на својата публика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e