(ВИДЕО) Слушнете ја новата македонска песна на фолк-пејачката Сузана Спасовска

Сузана Спасовска е македонска фолк пејачка која од 80те години на 20 век ја негува македонската песна и има снимено над 15 самостојни аудио и двд изданија, многу видео записи со врвен квалитет, музички антологии, самостојни концерти и фестивали. Нарекувана е „Сузе Национале“, „златното грло“, „славејот македонски“. Позната е по своите уникатни настапи и кореографии.

Спасовска уште од дете настапувала во голем број хорски ансамбли и пејачки групи. Подоцна постигнала извонредна пејачка кариера, интерпретирајќи неколку стотини народни и авторски фолк песни.

Фолк-пејачката Сузана Спасовска реши да ја почести публиката со уште една весела македонска песна, чиј текст е нејзино дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e