Помина нешто повеќе од еден месец од разорниот земјотрес што ги погоди хрватските Петриња, Сисак и околните градови и остави огромна штета. Голем број граѓани останаа без покрив над главата, а имаше и човечки жртви.
Зо овие тажни и трагични настани неодмна имаше потсмева во српското шоу „Lutajuća kamera“, прикажана на „Прва српска телевизија“, а е во склоп на музичкото шоу „Звездите на Гранд“. Во еден момент, камерите ја снимиле Јелена Карлеуша, член на жирито, и веднаш потоа започнале невкусните шеги.
„Оние од Петриња и Сисак нека бидат подготвени… Сега ѝ се тресе само задникот, а Сисак ќе се тресе подоцна“, рекле водителите во „Lutajuća kamera“.
„Јелена повторно е во форма. И како што ветивме, пренос во живо на земјотресот во Сисак“, додале тие.
Како што се очекуваше, видеото предизвика бес на Јутјуб.
Невкусните шеги можете да ги погледнете во 2-та минута од видеото.