Симон Трпчески е меѓународно истакнат македонски класичен пијанист. Тој е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња. За неговиот талент сведочат мноштво меѓународни успеси и највисоки критики, како и генералното мислење на музичките критичари ширум светот. Во 2011, Трпчески станува прв носител на титулата Национален уметник на Република Македонија.
Тој на својот Фејсбук профил постираше видео со порака за поддршка:
„За убави нешта!
Да се надеваме само на убави нешта набрзо и да го победиме вирусот!“, напиша Трпчески.