(ВИДЕО) Сара Мејс го откри полот на бебето

Сара Мејс и Димитар Атанасовски со фотографија од ултразвук ги споделија со јавноста среќните вести дека Сара е повторно во блажена состојба и тие двајца по втор пат ќе станат родители.

Одлично се чувствувам, засега е сe’ како што треба. Многу сум радосна што семејството ќе ни се зголеми. Илина и Димитар се супер, и ќе бидам многу среќна кога на свет ќе дојде уште една позитивна личност како нив, од нивната клапа“, неодамна изјави Сара.

Познатата двојка сега го откри и полот на бебето. Имено, Сара, Димитар и нивната ќеркичка Илина отворија кутија во која се наоѓаа сини балони.

Сара и Димитар овојпат ќе добијат синче а малата Илина ќе добие братче, сите се возбудени и едвај ја чекаат приновата!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e