Популарната пејачка Тања Савиќ се пофали со романтичниот подарок што го доби за Денот на вљубените, кој очигледно ја воодушеви.
Оваа нејзина објава многумина ги заинтригира бидејќи пејачката моментално е на американска турнеја, па изненадувањето стигна и до нејзината соба, на Флорида.
Многумина шпекулираат дека станува збор за подарок од наводниот партнер на Тања, градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, а со кој таа е поврзана последните месеци.
Судејќи по објавата која е придружена со песната „Те сакам душо“, нема сомнеж дека пејачката е воодушевена од овој гест и дека зад ова изненадување стои некој кој се грижи за неа и кон кого негува емоции.
Тања снимила букет во спалната соба на Флорида, каде што е моментално, составен од кадифени играчки и цвеќиња.