(ВИДЕО) Пристигнува најсексапилниот документарец на „Netflix“ досега

На „Netflix“ утре ќе биде објавен документарецот „Supersex“ за италијанскиот порно актер Роко Сифреди, а за него владее голем интерес.

Овој актер за возрасни се појавил во над 1300 филмови за возрасни. Првпат од таа работа се откажал во 2004 година, а во 2009 година почнал повторно да снима. Тој во 2022 година изјавил дека повторно се повлекува од порноиндустријата.

Спомнатата серија има седум епизоди, а истите ги режирала Франческа Маниери.

Саул Нани ќе го глуми младиот Роко, додека пак Алесандро Борги ќе го глуми возрасниот Роко.

„Си кажав себеси дека доколку жените добијат можност да „влезат во срцето“ на машкоста, со сета нејзина дисфункционалност, потенцијални тешкотии или нејзина моќ, тогаш навистина никого повеќе не можеме да обвиниме. Кога јас и Роко се запознавме, меѓу нас изби најголемиот конфликт којшто може да се замисли, така што тоа беше одличен почеток“, изјавила Франческа.

Роко за магазинот „The Independent“ открил како ја погледнал серијата.

„Ги гледав сите седум часа од серијата во едно, што беше прилично тешко. Умот ми работеше толку брзо. Толку спомени и среќа, но и многу болка“, изјавил тој.

Тој го презел своето име од ликот Роко Сифреди во филмот „Borsalinoi“ од 1970 година. Исто така познат е и по прекарот „италијанскиот пастув“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e