Лара Иванова и Јосиф Ристовски го објавија нивниот прв дует „Сите светла”.
Автори на текстот и на музиката се Лара и Јосиф, за аранжманот се погрижи единствениот Дарко Димитров, а за видео записот Томислав Живковиќ, кој и овојпат целосно ја долови пораката на песната и на целиот музички проект му даде ексклузивна нота.
„Сите светла” се вперени кон Лара Иванова, затоа што во новиот видео запис се појавува во уникатно и впечатливо издание, а Јосиф одлично ја дополнува со својата улога. Диско ритам, младалашка енергија и гламур, „Сите светла” е нов хит, кој ќе остане запаметен во македонската дискографија.