Јелена Розга (44) на својот инстаграм-профил сподели видео од својот прв јавен настап, пред речиси 26 години.
Имено, мајката Марија и таткото Анте го забележале нејзиниот талент за музика и танц, па на седумгодишна возраст ја запишале во основно балетско училиште.
Своето образование го продолжила во Загреб, каде што се запишала во средното балетско училиште. Танцуваше во балетот на Хрватскиот народен театар и настапуваше во претстави.
Поп-пејачката се присети на своите почетоци и нејзиниот прв јавен настап во Опатија на фестивалот „Дора“ во 1996 година.