Пејачката Ана Севиќ и нејзиното момче, бизнисменот Даниел Недељковиќ наскоро ќе добијат бебе, а сега дознаа од кој пол ќе биде бебето.
Ана на својот профил на Инстаграм објави снимка на која нејзината ќерка Лорена држи балон. А откако го пукнаа, од него излетаа розеви балончиња што значеше дека Ана и Даниел ќе добијат ќерка.
Кога го виде тоа, пејачката не можеше да го сокрие воодушевувањето, па скокаше од среќа, а возбудени беа и Даниел и Лорена.
„Изненадување! Чекаме здраво девојче. Ви благодарам на сите за честитките и убавите желби“, порача Ана.